Андреа Петковиќ, конечно, ги надмина огромните проблеми со повредите, се врати на тениските терени и игра одлично. Во меч од шеснаесеттина-финалето во Чарлстон, Германката ја декласира Лино Домингес Лурдес со популарната „метла“. Два сета, двапати по 6-0, за само 51 минута игра.
Петковиќ долго паузираше поради повреди на скочниот зглоб, потоа и на коленото, па лани падна на 177. позиција на листата на ВТА. Новата година ја почна добро, а утре ќе игра за првото четврт-финале по долго време. Противничка ќе ѝ биде сонародничката Сабине Лисицки.
Мини-изненадување приреди Украинката Елина Свитолина со елиминација на Американката Стивенс. Натаму оди Венус Вилијамс по триумфот од 7-5-7-5 против Шанел Шиперс. Венус во двата сета успеа да ја анулира предноста на Јужноафриканката, се врати од 1-3 и 1-4 и славаше за продолжување на надежите дека може да освои титула во Чарлстон по една деценија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.