В петок, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Фауст“ од Шарл Гуно. Премиерата на оваа познато дело, кое го обработува и славниот Гете, на сцената на Македонската опера и балет се одржа на 25 октомври 2013 година, по пауза од 30 години. Во петочната претстава ќе настапат: Зоран Сотиров, во насловната улога, Иван Томашев, гостин од Србија, во улогата на Мефисто, Маргарета: Олгица Милевска, Валентин: Ристе Велков, Вагнер: Драган Ампов, Зибел: Дејан Стоев и Марта: Марика Поповиќ.
Режисер е Марио де Карло од Италија, а диригент е Рафаел Шлисерберг од Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


