| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонски блесок – 10“ на Криволак

krivolak

Од 5 – 12 април годинава на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ ќе се изведува теренската вежба „Македонски блесок – 10“.

За вежбата денеска во Министерството за одбрана ќе информираат командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, директорот на вежбата, портпаролот на ГШ на АРМ, и дел од клучниот персонал од ГШ на АРМ и ЗОК, вклучен во процесот на планирање и подготовка.

На „Македонски блесок – 10“ ќе се изврши завршното оценување на средната пешадиска баталјонска група и лесната маневарска болница (НАТО оценување – Ниво 2), согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, а носител за реализација на вежбата е ЗОК.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top