| четврток, 6 декември 2018 |

Коле од Криволак лови змии со голи раце – Штом го слушнат сами доаѓаат до него

zmijar

Во селото Криволак близу Неготино, живее можеби единствениот човек на Балканот кој зборува со змии. Се вика Скендер Јусуфов, но сите го викаат Коле змија, пишува српски Телеграф. Основната професија од која живее вели дека му е ловот на змии. Не по полиња и ниви, туку по куќи, дворови и автомобили, каде неретко знаат да се скријат овие влекачи и да предизвикваат страв и паника кај населението.

Тој змиите не ги убива. Вели дека ги намамува со зборување кое го нарекува “Басама”. Штом ги слушнат зборовите на Коле, кои се наразбирливи за обичниот човек, вели дека змиите сами излгуваат и одат до него. Тој нежно ги фаќа и ги пушта во природа. Со оваа работа се бави скоро четврт век и вели дека никогаш не се случило да го касне змија.

kole-zmija-foto-fejsbuk

Го бараат луѓе од цела Македонија кои имаат проблеми со змии, а тој за неговите услуги наплатува по 50 евра. Додека екипата на српскиот портал разговарала со него, тој им открил дека некој безнисмен од Неготино го наговарал да му биде менаџер. Му нудел редвона голема плата, а сакал на луѓето да им наплатуваат дури по 500 евра од фатена змија. Сепак, тој не го прифатил овој предлог.

Змиите ги фаќа со голи раце повеќе од 25 години, а вели дека занаетот го научил од стариот овчар Коста од Радовиш.

– Многу ме засака и еден ден ми рече дека ќе ми ја открие неговата тајна за “Басамот”. Ме предупреди дека никогаш не треба да ја злоупотребам вештината и на никого да не му направам зло со неа. Една цела година собирав храброст додека не почнав да комуницирам со змиите. Потоа ми одеше лесно. Луѓето почнаа да ме бараат сами кога ќе најдеа змија во нивната куќа или двор, штала или автомобил. Јас за најмонгу половина час им го решавам проблемот, раскажал Јусуфов.

kole 2

Вели дека најчесто лови смокови кои не се отровни, но и поскоци, шарки и други змии долги преку три метри. Најмногу работа вели има во летните месеци.

– Неодамна ме викнаа на воениот полигон Криволак каде фатив смог долг три метри. Сум фаќал и долги шарки, но и отровници. Со себе никогаш не носам против отров, затоа што јас сум пријател на змиите, oбјаснува Коле.

Тој инаку има три деца за кои вели дека тргнале по неговите стапки.

– Ќерка ми не сакам да ја воведувам во тој свет. Но синовите, иако се мали, немаат никаков страв од змиите. И самите почнаа да си играат со нив како да се гумени играчки, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top