| четврток, 6 декември 2018 |

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија во посета на АРМ

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, генерал Тибор Бенко, од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија.

Делегацијата на ВС на Унгарија придружувана од амбасадорот на Унгарија во Македонија, Јожеф Бенце, ќе биде пречекана со високи воени почести од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.

Како што е најавено, генералот Бенко денеска ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Зоран Јолевски.

Безбедносната ситуација во регионот со осврт на емигрантската криза, процесот на трансформација на АРМ и учество во операции за поддршка на мирот, тековната состојба и унапредување на билатералната армиска соработка со понуда на капацитетите со кои располага МО на РМ и АРМ, се темите на кои ќе се разговара на средбите.

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Унгарија, за време на престојот во Република Македонија ќе биде примен и од претседателот на Република Македонија и од врховниот командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов, а ќе го посети Армискиот полигон „Криволак“ и караулата Богородица на македонско-грчката граница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top