| четврток, 6 декември 2018 |

Појадувајте секојдневно, така се губат килограми

pojadok

Оној кој јаде во оптимално време и ги задржува рутините има подобро варење и го стимулира метаболизмот да работи побрзо, покажало  истражувањето на британската компанија „Форца“. Во истражувањето биле вклучени 1.000 луѓе .

Според добиените резултати, појадокот е од суштинско значење за брзо губење на тежината, а оптимално време за првиот оброк во денот е седум часот и 11 минути. За ручекот идеално време е , 12:30 до 13 часот , додека вечера подоцна од 18:30 часот е проблем за каква било диета, велат експертите.

Повеќе од 84 отсто од луѓето кои успешно изгубиле од  тежината, оброците ги јаделе во точно одредено време додека пак прескокнувањето на оброк се покажало како лоша варијанта. Гладувањето предизвикува јо-јо ефект – брзо губење на килограмите и нивно брзо  враќање.
Повеќе од три четвртини од луѓето тврдат дека лесниот ручек и не е  најдобра идеја за оние на диета, затоа што тоа предизвикува глад и прејадување за вечера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top