| четврток, 6 декември 2018 |

Рекламното видео од филмот „До балчак“ ветува авантуристичка приказна

Најновата македонска филмска приказна, новиот долгометражен игран филм „До балчак – приказна од Дивиот Исток“, во режија на Столе Попов и по сценарио на Горан Стефановски, го објави рекламното видео за филмот.


Приказна од Дивиот Исток. Македонија, мала земја во срцето на Балканот. Петстотини години под турско ропство. Дејствието се случува во првата декада од XX век. Филмот е сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат до балчак. Поточно, се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за негo“. Нешто што без никакви претензии би можеле да го наречеме „македонски допир”. Нешто вознемирувачко а мирно, грдо а убаво, грубо а нежно, темно а просветлено, сурово но поетично.

Актерската екипа на „До балчак“ ја сочинуваат: Инти Шрај, Сашко Коцев, Мартин Јорданоски, Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Костовска, Владо Јовановски, Камка Тоциновски, Билјана Јовановска, Ненад Нацев, Горан Трифуновски, Ѓорѓи Котев, Дениз Абдула, Береда Решит, Бојан Велевски, Наташа Петровиќ, Адем Карага, Горан Јовановски, Сенад Абдули, Хајрулах Рамизи, Салаетин Билал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top