
Владимир и Људмила Путин и официјално се разведени потврди денеска Кремљ. Сега веќе поранешната претседателска двојка на Русија не живеат заедно од минатото лето. Путин со својата сопруга беше во брак 30 години.
Во официјалната биографија на Путин во која до 27 март пишуваше дека е „оженент со сопругата Људмила Александрова Путин“, сега пишува дека има само две ќерки. Првата дама не се споменува.
Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков потврди за агенцијата „Итар-Тас“ дека „разводот е завршен“.
Семејството Путин во јуни минатата година објави дека ќе се разведе по три децении брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


