| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Го добивме најтешкиот ривал, горд сум на македонските тимови

По ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите, се уште се актуелни паровите, како и македонската сензација со два тима четвртфиналето. Капитенот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров за „Балкан хендбол„ се осврна од се по малку во европската клубска мапа:

– Не чека тешка работа. Рајн Ловен Некер е многу тежок противник, но драго ми е што ги извлековме. Тие се можеби и најтешкиот противник. Ги сакаме предизвиците и со задоволство ги прифаќаме. Не чекаат два меча со по мене најквалитетниот германски тим во овој момент. Македонија би требало да биде горда на двете екипи кои стигнаа до четвртфиналето. Капата долу за Лино Червар, кого Македонија не го користи доволно, во однос на капацитетот кој тој го има. Најзаслужен е за сите успеси на Металург и создавањето на младата генерација на македонски играчи од клубската академија.

– Работев со него и секогаш има добра проценка за се што има врска со ракометот. Раул Гонзалез со кого работев со Сиудад Реал воведе некои нови работи. Познавајќи го не сум изненаден што Вардар помина. Три години работевме заедно и можам да кажам дека од него може многу тоа да се „украде„ односно да се научи. Очекувам барем еден македонски клуб во Келн, а за мечот Веспрем – ПСЖ, унгарците се фаворити, но тоа не значи дека французите се далеку од фајнал фор – изјави Лазаров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top