| четврток, 6 декември 2018 |

Акција „Секоја недела нова книга“ по повод 15 години „Антолог“

антолог

Во 2014 година издавачката куќа „Антолог“ од Скопје прославува 15 години од своето основање. Лани биле објавени триесетина дела во 16 едиции и со наградата „Ванчо Николески“, за најдобра книга за деца, која му беше доделена на писателот Александар Кујунџиски за „И строфите растат“, во издание на „Антолог“ издавачката куќа го прославува 15. роденден.
По тој повод тие организираат акција „Секоја недела нова книга“.

– Во 15-тата година од постоењето ќе објавиме 52 наслови. Сите кои ги сакаат книгите, и годинава ќе имаат можност да уживаат во најновите и најважните книги од македонски, латиноамерикански, руски, европски, канадски, балкански, американски, но пред сè – од квалитетни автори. На годинашниот Саем на книгата во Скопје, но и на саемите низ градовите во Македонија, ќе имаме големи попусти и ќе доделуваме подарок-книга за секој наш купувач. Во план е да ја објавиме и 115-тата книга од Александар Кујунџиски, рекордер по бројот на објавени книги меѓу македонските писатели – велат од „Антолог“.
Од издавачката куќа додаваат дека ја основале 17. едиција, под името „Нови планети“, наменета за тинејџерите, возраст за која досега во Македонија немавме доволно објавени книги.
– Планираме да стигнеме до 70-та книга од препознатливата и популарна едиција „Бранови“, фокусирана на светските прозни дела и бестселери. Продолжуваме со промоција на младите автори од Македонија, на кои останува македонската литература и книжевната иднина – информираат од „Антолог“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top