| четврток, 6 декември 2018 |

Денови на македонската музика

ДММ ќе бидат свечено отворени во Македонската опера и балет со „Кончертистимо“ на Македонската филхармонија под водство на диригентот од Швајцарија Томас Херцог. На програмата се четири концертни дела за пијано и оркестар во изведба на македонски пијанисти од неколку генерации

соком

Повеќе од 70 изведби ќе има на 37. фестивал „Денови на македонската музика“ кој од утре, трети април ќе се одржи во организација на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ). Деновите завшруваат на 14 април.

ДММ ќе бидат свечено отворени во Македонската опера и балет со „Кончертистимо“ на Македонската филхармонија под водство на диригентот од Швајцарија Томас Херцог. На програмата се четири концертни дела за пијано и оркестар во изведба на македонски пијанисти од неколку генерации.

Во наредните денови ќе настапат Ансамблот за современа музика на Државната филхармонија Свердловск, Русија (4 април), Ансамблот на перкусии од Фрајбург, Германија (7 април), концертот на студентите од Факултетот за музичка уметност (9 април), Концерт „Made in Macedonia“ (11 април), Вокален концерт „Cantatissimo“ (12 април), Концертот „Млади композитори“ (13 април) и Концерт на Дувачкиот оркестар на АРМ, со кој на 14 април ќе завршат 37-мите ДММ:

Во рамки на Деновите на македонската музика, првпат оваа година ќе се одржува и првиот Фестивал на медиумски уметности „Звучна имерзија“, со програма конципирана од проф. Роберт Саздов.

Деновите на македонската музика ќе бидат затворени на 14 април во Македонската опера и балет, кога ќе бидат доделени и наградите на СОКОМ за 2013 година.

Наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело му се доделува на музикологот и композитор д-р Јане Коџабашија, наградата „Панче Пешев“ за најдобро премиерно изведено дело ќе ја добие композиторот Љубомир Бранѓолица за балетот „Александар III Македонски“, кој беше премиерно изведен токму на ДММ, а наградата „Георги Божиков“ за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори ќе има три добитници: диригентот Сашо Татарчевски (за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2013-та), Македонската опера и балет (за премиерата на балетот „Александар III Македонски“) и Камерниот ансамбл од Австрија „Ensemble Reconsil Vienna“ (за континуирана изведба на македонски композитори во 2013 година).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top