
Веќе во вториот априлски ден нé очекува кратка дестабилизација на атмосферата. Денот ќе започне со претежно ведро време, но во попладневните и вечерните часови во западниот регион од земјава ќе има развој на облачност која ќе донесе повремен дожд, локално проследен со грмежи.
Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот помеѓу 20°С и 23°С во поголем дел од населените места, а на југоисток околу 25°С.
Во Скопје се очекува претежно сончево време, со повремено зголемување на облачноста. Постои минимална шанса во текот на попладневните часови облачноста да донесе повремени врнежи. Минималната температура ќе има вредност околу 4°С, а максималната околу 23°С
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


