| четврток, 6 декември 2018 |

Путин официјално се развел од сопругата Људмила

На официјалниот сајт на рускиот претседател, во делот „Биографии на претседателите на Русија“, од пред извесно време се направени измени и таму веќе не фигурира името на неговата сопруга Људмила, пренесе ИТАР-ТАСС.

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето дали корекцијата во биографијата значи дека меѓу нив имало официјален развод, изјави „Тоа значи дека разводот е направен“.

Сега на официјалниот сајт на Кремљ, во биографијата на Владимир Путин се споменати само ќерките Марија и Катерина.

Владимир Путин и Људмила на 6 јуни 2013 година ги соопштија своите намери да се разделат, по речиси 30-годишниот брак.

– Тоа беше наша заедничка одлука, нашиот брак е завршен, објасни тогаш Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top