| четврток, 6 декември 2018 |

Косовски Албанец учествувал во самоубиствен напад врз ирачката војска

albanec irak

Блерим Демири од косовскиот град Урошевац извршил самоубиствен напад врз ирачката армија, при што загинале 52 војници, јави Танјуг, повикувајќи се на написи во приштинските медиуми.

Според истите извори, Демири е прв Косовец кој извршил таков напад. Веста за нападот ја објавила Исламската фондација за поддршка и информирање (ИСИФ), чиј член наводно бил Демири.

Муслиманските форуми Демири го идентификуваат под името „Абу Хабаб Ал Косово“.

Нема информации кога бил извршен овој напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top