Од големиот видиковец на Водно викендов се украдени два сончеви колектори и два акумулатори од светилките на соларна енергија. Покрај тоа оштетен е и уште еден сончев колектор и акумулатор од светилките.
Крадците искршиле и три светилки на видиковецот, а две канделабри се оштетени заедно со светилките.
Светилките што ги осветлуваат двата видиковци во парк-шумата „Водно“ се сопственост на Градот Скопје, а направената штета се проценува на над 110.000 денари.
Полицијата трага по сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.