Вардар го посакуваше Флензбург за противник, а ждрепката во Виена попладнево му се насмевна на македонскиот првак. Токму екипата што беше во фокусот на желбите на вардарци ќе биде последната пречка пред евентуален историски настап на фајналфор турнирот во Келн.
– Го сакавме Флензбург за противник и сега треба да покажеме дека можеме да се надигруваме со втората германска екипа по Хамбург. Убаво е кога ќе го чуете името на Вардар на ждрепката. Се надевам дека ќе бидеме присутни и во Келн – изјави Давор Стојановски, претставникот на македонскиот шампион Вардар.
Флензбург е по осми пат во четврт-финалната рунда, Германците сега ќе бидат повнимателни, по сензацијата што ја приреди Вардар со елиминација на Хамбург.
„Ќе бидат два тешки натпревари. Ракометарите на Вардар направија одлична работа со елиминацијата на Хамбург. Имаме респект, но се надеваме дека ќе одиме во Келн. По осми пат сме во четврт-финалето. Слушнавме за прекрасната атмосфера што ја прават навивачите во Скопје и сигурно ќе се подготвуваме и на тој план. Вардар е мошне искусен состав, силен и ќе биде интересно да се види како ќе одиграме против ваков противник со нашиот брз стил на игра. Среќни сме што сме во четврт-финалето и сакаме да одиме чекор понатаму“, изјави претставникот на Флензбург.
Се надевам дека ќе дојдеме и третпат во Виена. Се надевам дека ќе ја повториме епизодата од Хамбург. Ќе дадеме се од себе да направиме историски исчекор и да играме на фајналфор. сакавме да биде Флензбург и се надевам дека ќе бидеме подобри
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.