
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска ја почнува посетата во малешевско-пијанечкиот регион во 14.30 часот во с. Русиново и с. Ратево, каде што до 15.30 часот ќе има средби со жителите.
Пендаровски од 15.40 часот ќе оствари средба со пензионерите во Пензионерскиот дом во Берово. Потоа на плоштадот во Берово со почеток од 16.10 ќе има средба со граѓаните на Берово.
Во 17.20 часот Пендаровски ќе се упати кон Пехчево, каде што ќе има средби со граѓаните од овој град.
Од 18.10 часот претседателскиот кандидат ќе се сретне со жителите на с. Тработивиште, Делчевско, а потоа и со жителите од с. Звегор.
Во 19.30 часот ќе се одржи централниот настан на кој ќе се обрати претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски, но и ќе ги слушне нивните прашања, на кои ќе го даде својот одговор.
По завршувањето на централниот настан, Пендаровски ќе се упати кон Македонска Каменица, каде што ќе има средби со граѓаните од овој град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


