| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец најдобар играч, Атман и Дуjшебаев еден до друг во идеалниот тим во ЛШ (видео)

metalurg-1Ренато Вугринец е избран за најдобар ракометар во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите, по блескавите две партии против Колдинг и неверијатните 23 гола на двата меча што Металург ги доби со вкупен резултат од 53-43.

Признанијата од ЕХФ ТВ се редат за играчите што настапуваат за Вардар и за Металург, а во идеалниот тим од вторите осминафинални мечеви има двајца ракометари од редовите на македонските четврт-финалисти.

Павел Атман е најдобар плејмејкер во тимот од соништата од 7 ракометари, а моторот на играта на Металург го заслужи местото со прекрасната игра во реваншот со Колдинг, на кој постигна 9 гола. До него како најдобар десен бек е Алекс Дуjшебаев, ракометар што ги освои срцата на ракометните симпатизери со фантастична игра и неверојатните голови против европскиот првак Хамбург. Алекс постигна 7 гола, кој од кој поубав, а последниот за Вардар вистинско ремек-дело.

Во историскиот викенд за македонскиот ракомет, можеме да се пофалиме и со феноменалната акција на Дарко Станиќ и Дејан Манасков со асистенција на голманот на Металург од гол на гол и погодок во лет на крилото на „сините“ од Автокоманда. Тој погодок е прогласен за четврти најубав во реваншните осминафинални натпревари.

Изборот на идеалната седморка и топ 5 головите можете да ги погледнете на овој линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top