| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов пред Валандовчани: Каде што е народот, таму сум и јас (ВИДЕО)

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов вечерва одржа митинг во своето родно Валандово. Таму порача дека тој ќе остане меѓу народот и дека ќе продолжи да го пренесува гласот на граѓаните низ светот.

Иванов одговори на обвинувањата од опозицијата, и им порача да продолжат со нападите, а дека тој ќе продолжи да работи посветено за својот народ.

-Носев амбасадори во Валандово,  за да им ги покажам потенцијалите на Македонија и за Водици и за Св.Трифун. Го донесов и српскиот претседател Николиќ да дојде во Валандово. Ми велеа сум одел многу по такви манифестации, по ракијади….Па таму е народот, таму сум и јас. Каде се граѓаните кои што ги почитуваат своите обичаи, својата традиција, таму сум и јас. Затоа што вие сте ме избрале. Јас сум вашиот глас. Јас сум тој што вашиот глас го пренесува секаде каде и да одам. А имаше каде да се оди. 450 средби со претседатели на други држави, премиери, министри се остварени за овие пет години. 100 посети,  официјални или работни на други земји и меѓународни настани. Но,  доаѓаа и пријателите на Македонија. Имаше повеќе од 40 посети, официјални, работни на други претседатели на држави на Македонија. Тие се пријателите на Македонија. Тие се оние што ја поддржуваат Македонија. Македонија која се менува. Се менува затоа што економијата ни расте. А кога ни расте економијата се расте во државата и платите и пензиите и субвенциите и социјалната помош. Се расте во државата. Само едно нешто опаѓа – невработеноста. Правиме се, сите што се иселиле од Македонија да се вратат повторно во Македонија. Да видат дека додека беше светската економска криза од 2008 година па наваму, кога многу силни економии тешко се справуваа со оваа криза, Македонија постигнува резултати. Резултати кој ги бележат најкомпетентни надлежни институции во светот. Кој ги следат сите промени и кажуваат дека Македонија успева, рече Иванов.

ivanov

Тој одговори и на други критики од опозицијата.

-Не критикуваа за се и сешто. Велат немало човекови права, ама Македонија е членка на Советот на Обединети нации за човекови права. Дека во Македонија немало слобода на медиумите. Која земја има повеќе медиуми од Македонија. Но, како што кажав, кој за што си го бива. Ние да работиме, да придонесуваме. Да ја градиме Македонија во височина, со највисоки стандарди, највисоки принципи, највисоки критериуми. Не блокираа кон Европа, но не се предаваме. Пет извештаи и пет препораки за почеток на преговорите во Европската унија. Но, не стоиме, ја градиме Европа во Македонија. Ќе видите европски аеродроми, европски институции, ќе видите европски стандарди на нашите производи што се повеќе се извезуваат од Македонија, заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top