| четврток, 6 декември 2018 |

Пендаровски: Потребни се нови луѓе кои имаат решенија за проблемите

Кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски денеска во рамки на предизборната кампања пред валандовчани рече дека на Македонија и се потребни нови луѓе кои имаат решенија за проблемите.

– На 13 април ќе биде првиот испит. ВМРО-ДПМНЕ се плаши од 13-ти. Немаат ништо ново што да понудат. Главата горе да гласаме како што треба – повика Пендаровски.

Валандовчани, се пожалија дека немаат никаква инфраструктура, ниту патишта.

– Видовме дека немате никаква инфраструктура, ниту патишта, ниту нови фасади. Се што се гради, се гради во Скопје, во бесцелниот проект Скопје 2014. А власта се фали со автопати што ќе гради на кредит. Инфраструктура се гради со години, а тие дејствуваат како им одговара, од денес за утре – рече Пендаровски.

Претседателскиот кандидат на СДСМ во Валандово зборуваше и со случајни минувачи и со млади луѓе кои сакаа да ја слушнат неговата визија за Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top