| четврток, 6 декември 2018 |

Баражот со Грција збогум за вечното момче на македонскиот ракомет

Пи­ке­рот на Ме­та­лург нај­а­ву­ва про­сту­ва­ње од на­ци­о­нал­ни­от дрес и во­оп­што од ра­ко­ме­тот по ед­на и пол де­це­ни­ја ус­пеш­ни на­ста­пи, осво­е­но пет­то ме­сто во Ср­би­ја на ЕП, 21 ме­дал, мно­гу клуп­ски ус­пе­си, учес­тво на свет­ски и на европ­ски пр­венс­тва, го­ло­ви и го­ле­ми нат­пре­ва­ри во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и на­стап за три­те ма­ке­дон­ски ги­ган­ти Пе­ли­стер, Вар­дар и Ме­та­лург

Ван­чо Ди­мов­ски е веч­но­то мом­че на ма­ке­дон­ски­от ра­ко­мет, играч што оста­ви впе­чат­ли­ва тра­га на ус­пе­си­те и на на­ци­о­нал­ни­от тим на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња и на Ме­та­лург во до­маш­но­то пр­венс­тво и во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те.

Пи­ке­рот на Ме­та­лург нај­а­ву­ва про­сту­ва­ње од на­ци­о­нал­ни­от дрес и во­оп­што од ра­ко­ме­тот по ед­на и пол де­це­ни­ја ус­пеш­ни на­ста­пи, осво­е­но пет­то ме­сто во Ср­би­ја на ЕП, 21 ме­дал, мно­гу клуп­ски ус­пе­си, учес­тво на свет­ски и на европ­ски пр­венс­тва, го­ло­ви и го­ле­ми нат­пре­ва­ри во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те и на­стап за три­те ма­ке­дон­ски ги­ган­ти Пе­ли­стер, Вар­дар и Ме­та­лург.

Бе­ше дел од ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја што пред две го­ди­ни го ос­тва­ри нај­до­бри­от плас­ман во исто­ри­ја­та со пет­то­то ме­сто на ЕП во Ср­би­ја. И со Ме­та­лург ла­ни се за­пи­ша во ана­ли­те на клуп­ски­от ра­ко­мет, со плас­ман во че­тврт-фи­на­ле­то од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Ка­ри­е­ра за по­чит, ко­ја, ве­ро­јат­но, ќе за­вр­ши по за­вр­шу­ва­ње­то на оваа се­зо­на.

Со Ме­та­лург си­гур­но че­ко­ри кон до­стиг­ну­ва­ње на лан­ски­от до­стрел, а по­бе­да­та над Кол­динг од 23-17 на до­ма­шен те­рен ве­ту­ва но­во че­тврт-фи­на­ле. Во ре­ван­шот на 30 март тре­ба да се по­твр­ди ви­за­та за пат ме­ѓу осум­те нај­до­бри еки­пи во Евро­па.

Vanco-Dimovski-sport82-2

Сле­ду­ва вто­ро­то по­лу­вре­ме во Дан­ска. Кој е ре­цеп­тот за нов ус­пех и за плас­ман во че­тврт-фи­на­ле­то на ЛШ?
Димовски: Не­ма да би­де лес­но во ре­ван­шот. Дан­ци­те мал­ку ѝ под­лег­наа на страш­на­та ат­мо­сфе­ра во са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“. Ги збу­ни ам­би­ен­тот, но се­га ќе би­де по­и­на­ку. Не тре­ба да им доз­во­ли­ме да се рас­тр­ча­ат, да нѐ фа­тат на кон­три. Искус­ни сме, ние тре­ба да ја сми­ри­ме игра­та, да не доз­во­ли­ме да се вле­зе во не­ка­ков луд ри­там. Во ра­ко­ме­тот се пра­ви раз­ли­ка лес­но и бр­зо, та­ка што ни­што не е го­то­во иа­ко има­ме од­лич­на пред­ност. Не­ма­ме по­тре­ба не­што спе­ци­јал­но да ме­ну­ва­ме за ре­ван­шот. Во од­бра­на тре­ба да оди­гра­ме цвр­сто ка­ко во Скоп­је, со ма­ли из­ме­ни. Да вни­ма­ва­ме на фа­у­ли­те за иск­лу­чу­ва­ње би­деј­ќи кри­те­ри­у­мот на су­ди­и­те ќе се сме­ни. Раз­ли­ка­та ме­ѓу до­ма­шен и го­стин­ски те­рен е го­ле­ма, а Кол­динг има ква­ли­тет­ни игра­чи и не­ма да се пре­да­дат. Спе­лер­берг ќе си ја ис­пол­ни нор­ма­та од 5-6 го­ла, што не бе­ше слу­чај во Скоп­је. Ро­кас е опа­сен, Хвид ве­ро­јат­но ќе бра­ни по­до­бро во ре­ван­шот, а ве­ру­вам де­ка ќе се оби­дат на­бр­зи­на да сто­пат дел од пред­но­ста. Се­пак, знам де­ка има­ме зна­е­ње, ква­ли­тет и си­ла за да ги со­пре­ме и да го по­вто­ри­ме лан­ски­от ус­пех со плас­ман во че­тврт-фи­на­ле­то.

Клу­бот од Авто­ко­ман­да бе­ле­жи огро­мен на­пре­док. Ка­ко го об­јас­ну­ваш по­де­мот на Ме­та­лург?
Димовски: Јас сум од по­че­ток вклу­чен во про­е­ктот за соз­да­ва­ње европ­ски Ме­та­лург. Лу­ѓе­то ме по­ви­каа, ми об­јас­ни­ја де­ка са­ка­ат по­се­ри­оз­но да на­пра­ват про­дор на кон­ти­нен­тал­но ни­во. Нај­пр­во ус­пе­ав­ме да ја ур­не­ме до­ми­на­ци­ја­та на кон­ку­рен­ти­те во ма­ке­дон­ска­та Пр­ва ли­га, па по­тоа скром­но да се нај­а­ви­ме во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Се­ка­ко, на по­че­ток и учев­ме, се при­вик­ну­вав­ме на ус­ло­ви­те и на од­но­си­те кои вла­де­ат во нај­до­бро­то и нај­ква­ли­тет­но­то ра­ко­мет­но нат­пре­ва­ру­ва­ње во Евро­па. Одев­ме че­кор по че­кор и се­ко­ја го­ди­на бе­ше ус­пеш­на, точ­но спо­ред за­цр­та­ни­от план. Се се­ќа­вам де­ка на по­че­ток на си­те мож­ни на­чи­ни се оби­ду­вав­ме да ја ани­ми­ра­ме пуб­ли­ка­та да дој­де на нат­пре­ва­ри­те на Ме­та­лург во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Би­ле­ти­те чи­неа са­мо 50 де­на­ри, а са­ла­та не бе­ше пол­на. Се­га лу­ѓе­то ве­ќе не пра­шу­ва­ат за це­на. Ве­лат, са­мо дај ми би­лет, не ме ин­те­ре­си­ра це­на­та. Са­ка­ат да дој­дат да гле­да­ат ква­ли­тет­ни прет­ста­ви, а ве­ќе ни­ту 600 де­на­ри за нат­пре­вар на Ме­та­лург не се проб­лем за ни­ко­го. На­про­тив, при­ти­со­кот е го­лем. Ми се ја­ву­ва­ат при­ја­те­ли, род­ни­ни, поз­на­ти и не­поз­на­ти и ба­ра­ат би­лет по­ве­ќе. Ко­га пад­на од­лу­ка­та да игра­ме во са­ла­та „Бо­рис Трај­ков­ски“, си­те бев­ме скеп­ти­ци ка­ко ќе ја на­пол­ни­ме, ни изг­ле­да­ше пре­го­ле­ма. Во овој цик­лус и ние и Вар­дар по­ка­жав­ме де­ка со ква­ли­тет, со на­пор­на ра­бо­та и со че­сен од­нос кон спор­тот мо­же мно­гу да се по­стиг­не. Ра­ко­мет­ни­те прет­ста­ви во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те ури­ва­ат ре­кор­ди, а са­ла­та ста­на пре­тес­на. Да има и по­го­лем ка­па­ци­тет, лес­но би се ис­пол­нил со пуб­ли­ка.

Ма­ке­дон­ска­та ра­ко­мет­на бај­ка ста­на пре­поз­нат­ли­ва во Евро­па. Ка­ко да се за­др­жат од­лич­ни­те по­зи­ции и има ли про­стор за на­пре­док?
Димовски: Пог­лед­не­те го са­мо пос­лед­ни­от ви­кенд и сѐ ќе ви би­де јас­но. Два ра­ко­мет­ни нат­пре­ва­ри од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те во ист град за два де­на, и тоа во пре­пол­на са­ла. Нам ни го­ди, а пре­поз­нат­ли­во е де­ка на­и­де на од­ли­чен при­ем и во ЕХФ, кај ра­ко­мет­ни­те екс­пер­ти, ра­ко­ме­та­ри од си­те про­сто­ри. Се чу­дат ка­ко мо­же в са­бо­та, на при­мер, три­би­ни­те да би­дат обо­е­ни во цр­ве­но-цр­на бо­ја, а след­ни­от ден во иста­та са­ла сѐ да би­де во зна­кот на си­на­та бо­ја. А, на­ви­ва­чи­те и пуб­ли­ка­та не се исти. Две раз­лич­ни еки­пи со раз­лич­ни на­ви­ва­чи и се­ко­гаш со пре­пол­ни три­би­ни. Тоа е ре­ткост во Евро­па во кој би­ло спорт. Скоп­је и Ма­ке­до­ни­ја се не­ка­ко во транс. По­сто­ја­но има вр­ву­ли­ца од су­дии, де­ле­га­ти, ед­ни си одат дру­ги до­а­ѓа­ат. Ме­та­лург и Вар­дар, про­тив Бар­се­ло­на и Па­ри Сен-Жер­мен, и тоа два­па­ти, па го­сту­ва­ње на европ­ски­от пр­вак Хам­бург, дој­де и Кол­динг и се­ко­гаш се игра во пе­ко­лен ам­би­ент. И ни­кој не ус­пеа да нѐ на­ди­гра, да по­бе­ди во Скоп­је. Што е нај­важ­но, си­те се за­до­вол­ни, ре­ткост е да се игра ра­ко­мет во та­ков ам­би­ент. Пог­лед­не­те ја са­мо из­ја­ва­та на Ким Ан­дер­сон ко­га ве­ли де­ка во Скоп­је е ек­стрем­но те­шко да се игра и де­ка на­ви­ва­чи­те пра­ват да би­де пе­кол во кој е не­воз­мож­но да се по­бе­ди. Јас ужи­вам во фан­та­стич­ни­от ам­би­ент, горд сум ко­га ќе ви­дам кол­ку им зна­чат на­ши­те ус­пе­си на на­ви­ва­чи­те, на обич­на­та пуб­ли­ка. До­а­ѓа­ат од це­ла Ма­ке­до­ни­ја на нат­пре­ва­ри­те на Ме­та­лург. Ние сме не­што ка­ко фуд­бал­ски­от Вар­дар од по­ра­неш­ни­те вре­ми­ња. Има­ме на­ви­ва­чи не са­мо од Скоп­је, ту­ку и од Стру­га, Би­то­ла, Ве­лес, Охрид, При­леп, од си­те гра­до­ви на зем­ја­та. Нај­важ­но е да ужи­ва­ат, да се за­до­вол­ни од тоа што од ср­це го пра­ви­ме на те­ре­нот. Ме ис­пол­ну­ва ко­га ќе ви­дам за­до­вол­ни лу­ѓе, ра­дос­ни по по­бе­ди­те, кои оста­ну­ва­ат вер­ни и во по­ра­зи­те, ка­ко со­ста­вен дел од спор­тот. Ве­ру­вам де­ка при­каз­на­та ја пре­поз­наа и во ЕХФ и де­ка од след­ни­от цик­лус Ма­ке­до­ни­ја ќе има двај­ца ди­рект­ни учес­ни­ци во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. И за нив и за европ­ски­от ра­ко­мет оваа луд­ни­ца што се слу­чу­ва во Скоп­је, во зем­ја­ва, е од­лич­на про­мо­ци­ја на игра­та. Зас­лу­жу­ва­ме на­гра­да, а, спо­ред ква­ли­те­тот, тре­ба да има­ме и два ди­рект­ни учес­ни­ци во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те.

Vanco-Dimovski-sport82-3

По­тек­ну­ваш од спорт­ско се­мејс­тво. Та­тко ти До­бре Ди­мов­ски е по­ра­не­шен фуд­ба­лер, се­га и тре­нер и се­ле­ктор. Зо­што се од­лу­чи за ра­ко­мет, а не за фуд­бал?
Димовски: Поч­нав ка­ко фуд­ба­лер на Ра­бот­нич­ки, а по­сто­ја­но одев на нат­пре­ва­ри. Ка­ко де­те по­сто­ја­но се­дев на ре­зерв­на­та клу­па. И сѐ уште сум из­го­рен за фуд­бал, но не згре­шив што про­дол­жив со ра­ко­ме­тот. И тоа не по мо­ја ви­на. Се слу­чи ин­те­ре­сен де­таљ на еден од фуд­бал­ски­те тре­нин­зи, што бе­ше пре­сврт­ни­ца во ка­ри­е­ра­та. Та­тко ми ме сле­де­ше на тре­нинг, а ко­га од пуб­ли­ка­та не­кој до­вик­на, чие е ова де­те, на кој функ­ци­о­нер е што го ста­ва­ат да игра, До­бре се на­лу­ти и ме од­не­се на ра­ко­мет. По дол­го вре­ме ми рас­ка­жа де­ка ги зел мо­и­те ко­пач­ки и му ги дал на дру­го де­те. Ток­му во тој пер­и­од, не­ка­де во 1996 го­ди­на, Вар­дар фор­ми­ра­ше пи­о­нер­ска шко­ла за ра­ко­мет во Ки­се­ла Во­да, а јас поч­нав да одам на тре­нин­зи. Тре­не­ри­те вед­наш пре­поз­наа во ме­не пи­кер. Ми ве­леа да се фр­лам на ду­ше­кот, на праз­но, без топ­ка, без ни­што. Бев упо­рен, спорт­ска ду­ша сум, и са­кав да ус­пе­ам и ве­ру­вам де­ка на­пра­вив не­што зна­чај­но во ра­ко­ме­тот. Имам 21 ме­дал, око­лу 150 нат­пре­ва­ри за ре­пре­зен­та­ци­ја­та, мно­гу тур­ни­ри, на­ста­пи во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те, на свет­ски и на европ­ски пр­венс­тва. За 14 го­ди­ни во на­ци­о­нал­ни­от дрес, про­пу­штив са­мо два со­би­ра иа­ко имав до­ста проб­ле­ми со по­вре­ди­те. За­до­во­лен сум, мис­лам де­ка е до­вол­но иа­ко са­кам да се про­стам со на­стап на за­врш­ни­от тур­нир во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Мо­же­би го­ди­на­ва ќе ми се ос­тва­ри со­нот со Ме­та­лург.

Имаш ин­те­ре­сен удар од ли­ни­ја­та на се­дум ме­три. Во ко­ја ка­те­го­ри­ја спа­ѓа шу­тот што ли­чи на по­ло­жу­ва­ње во ко­шар­ка­та и што не ус­пе­ва­ат да го од­бра­нат ни­ту нај­до­бри­те гол­ма­ни на све­тот?
Димовски: Са­мо ја пу­штам топ­ка­та и гле­дам да го ут­нам гол­ма­нот. Би­тен е мо­мен­тот, го че­кам гол­ма­нот да трг­не кон ме­не и то­гаш со мал­ку спин са­мо ја пу­штам топ­ка­та во го­лот. На­ви­дум ли­чи де­ка топ­ка­та се дви­жи бав­но и не­ма да стиг­не до мре­жа­та, но ре­чи­си без иск­лу­чок тоа е по­го­док. Прв­пат го ви­дов тој удар од Се­ња­нин Маг­лај­ли­ја, еден из­во­нре­ден пи­кер. По­тоа јас мал­ку го усо­вр­шив и се­га е не­ка­ква ком­би­на­ци­ја од мај­стор­ла­кот на Маг­лај­ли­ја фи­лу­ва­но со до­да­ток од Ди­мов­ски. Сѐ е са­мо ру­ти­на, уда­рот ми е мно­гу из­веж­бан, ре­дов­но го из­ве­ду­вам, та­ка што не­ма утка.

Vanco-Dimovski-sport82-4

Уште кол­ку дол­го ќе го гле­да­ме Ди­мов­ски на ра­ко­мет­ни­те те­ре­ни?
Димовски: Сѐ поб­ли­ску е раз­дел­ба­та од актив­ни­те на­ста­пи, а ве­ро­јат­но пос­лед­ни­те два ме­ча ќе ги играм про­тив Гр­ци­ја во ба­ра­жот за Свет­ско­то пр­венс­тво во Ка­тар. Се на­де­вам де­ка ќе по­мог­нам да се пла­си­ра­ме на шам­пи­о­на­тот, а ако тре­ба, се­ко­гаш сум под­го­твен да по­мог­нам. Ве­ру­вам во пом­ла­ди­те ра­ко­ме­та­ри што игра­ат на иста по­зи­ци­ја со ме­не. Ту­ка е Сто­и­лов, кој е ве­ќе иску­сен и има до­ста на­ста­пи за ре­пре­зен­та­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја. Ве­ру­вам и во мо­јот клуп­ски ко­ле­га Мар­ко­ски, по­тоа од мла­ди­те мош­не та­лен­ти­ран е Пе­шев­ски од Ме­та­лург. Ве­ру­вам де­ка пи­кер­ска­та по­зи­ци­ја и на­та­му ќе би­де еден од сил­ни­те аду­ти во игра­та и на ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја и на Ме­та­лург. Се на­де­вам де­ка про­сту­ва­ње­то од на­ци­о­нал­ни­от дрес ќе би­де со три­умф про­тив Гр­ци­ја и со плас­ман на СП. По­до­бри сме ба­рем за ед­на кла­са иа­ко не­ма да би­де лес­но, ка­ко што мно­гу­ми­на оче­ку­ва­ат. Тие ве­ќе се под­го­тву­ва­ат за ба­раж-ду­е­ли­те со нас, има­ат по­до­бар ква­ли­тет откол­ку што тоа се при­ка­жу­ва. Го ви­дов­ме Хал­ки­дис од Тун, од­ли­чен пи­вот, по­тоа има­ат и не­кол­ку­ми­на ин­тер­на­ци­о­нал­ци што на­ста­пу­ва­ле во Гер­ма­ни­ја, искус­на еки­па се и не­ма да би­де лес­но. Се­пак, има раз­ли­ка во кла­са ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и Гр­ци­ја и ве­ру­вам де­ка ќе го иско­ри­сти­ме ква­ли­те­тот и со по­бе­да уште на пр­ви­от меч на го­стин­ски те­рен ќе ги раз­ре­ши­ме ди­ле­ми­те ко­ја се­лек­ци­ја ќе па­ту­ва во Ка­тар. Тоа би би­ло од­лич­но про­сту­ва­ње од ре­пре­зен­та­ци­ја­та за ме­не. На клуп­ски план, се знае, по­са­ку­вам со Ме­та­лург да играм на за­врш­ни­от тур­нир во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те.

Разговараше: Зоран Поповски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Ванчо Димовски е објавено во 82. број на неделникот Република, 28.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top