| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонски крст“ кој се гради во Аеродром почна да се издига во висина

крст

„Македонски крст“ кој се гради во населбата Аеродром во Скопје и треба да се освети во крајот на април, пред Велигден, денеска почна да се издига во висина.

Конструкцијата е тешка 80 тони. Крстот ќе биде висок 56,5 метри, а распонот на краците е 34 метри. Осветлувањето ќе биде со лед-диоди на сончеви панели, заради енергетска самоодржливост.

Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес вели дека празникот на Христовото воскресение годинава христијаните во Македонија ќе го одбележат со трет крст по висина во светот, после Милениумскиот крст на Водно кој е втор по висина, но прв во светот изграден на најголема надморска височина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top