| четврток, 6 декември 2018 |

Вугринец со голови го чува врвот на листата на стрелците во ЛШ

Ренато Вугринец, бекот на Металург, останува крал на стрелците во Лигата на шампионите, а со нова порција од 10 гола против Колдинг во реваншот го задржа врвот со 85 погодоци. Вкупно маестралниот Словенец со македонски пасош им даде 23 гола на Данците и сега има предност од 6 чекори пред сонародникот Гаспер Маргуц од Целје.

Зад нив со 77 погодоци е Момир Илиќ од Веспрем, кој, за разлика од Маргуц, останува во игра за признанието најдобар стрелец во ЛШ бидејќи унгарскиот тим се пласира во четврт-финалето.

Во топ 10 останува и Тимур Дибиров со 66 гола на осмата позиција иако руското крило на Вардар не го играше реваншот со Хамбург поради повреда на окото. Блиску до одбраните десет е Кирил Лазаров на 13. место со 59 погодоци, а зад него со само еден гол помалку е Игор Карачиќ од Вардар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top