Продажбата и увозот на автомобили во Македонија бележи драстичен пад од 2010 година наваму. Веќе четири години по ред сѐ помалку се увезуваат возила, а опаѓа и интересот на граѓаните за купување автомобил, пишува МИА.
Официјалните податоци на Царинската управа покажуваат дека минатата година се увезени вкупно 35.157 возила, што е речиси половина од увозот во 2010 година кога се евидентирани 62.519 возила. Пад во увозот има и кај старите и кај новите возила. За околу четири илјади возила е намален увозот на нови и за околу 22 илјади увозот на половни автомобили за разлика од 2010 година, која се смета за година кога е остварен рекорден внес на автомобили во државата.
Импортерите на нови возила и увозниците на стари возила се жалат дека секоја година е сѐ помал интересот на граѓаните за купување автомобил. Продажбата на нови автомобили е падната на околу 75 проценти, а на стари возила за околу 50 проценти. И увозниците на нови возила и увозниците на стари возила ја гледаат причината за слабата продажба, меѓу другото, во намалената куповна моќ на граѓаните и заситеноста на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уште една европска метропола ги забранува старите автомобили
-
Неверојатни сцени: Поплава ги однесе сите џипови од салонот за автомобили, штетата е милионска
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила
-
Џенерал Моторс ќе користи 3-Д печатачи за производство на автомобилски делови



