Фудбалерите на Наполи ја совладаа екипата на Јувентус на домашен терен во дербито од 31. коло во италијанската Серија А.
Водечкиот гол за Наполи го постигна Каљехон во 37. минута по асистенција на Инсиње и со резултат од 1-0 заминаа на пауза.
Наполи беше подобар противник, имаше неколку одлични шанси, но успеа да реализира само уште една преку Мертенс во 81. минута.
Домаќините организираа контра преку македонскиот интернационалец Горан Пандев, кој испрати одлична топка до Мертенс, а Белгиецот меѓу двајца играчи на Јувентус успеаја да го совлада Буфон.
Јувентус остана убедливо прв на табелата со 81 бод, односно 11 повеќе од Рома, која има и натпревар помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.