| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган прогласи победа: Ќе влезам во „дувлото“ на непријателот

TURKEY-VOTE

Турскиот премиер Реџеп Таир Ердоган прогласи победа на локалните избори кои имаа значење на референдум за неговото вледеење и рече дека ќе влезе во „дувлото“ на непријателот што го обвинуваше за корупција и за издавање државни тајни.

– Ќе платат за тоа – рече Ердоган.

Ердоган се обрати од балконот на неговата партија Правда и развој пред илјадниците членови и симпатизери на партијата.

Според првичните информации, партијата на Ердоган освоила меѓу 44 и 46 проценти од гласовите, додека опозицијата заостанувала за 23 до 28 проценти.

Ердоган обвини дека исламски свештеник од САД, негов поранешен сојузник, монтирал валкана кампања користејќи мрежа следбеници во полицијата за да направат корупциски случај против него. Поради тоа, турскиот претседател направил чистка во полицијата бркајќи илјадници полицајци.

Минатата недела кризата достигна нови димензии откако беше објавено видео од таен состанок на турскиот државен врв за Сирија.

Свештеникот Фетулах Гулен ги негира обвинувањата на Ердоган.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top