Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе ја посети фабриката „Џонсон контролс“ во Технолошко-индустриската развојна зона Штип.
„Џонсон контролс“ е првата фабрика што е отворена во ТИРЗ Штип и во неа се произведуваат навлаки и седишта за возила.
Фабриката е инвестиција од 20 милиони евра и се простира на површина од 12.000 кавдратни метри. Во неа работат 1.400 работници.
Фабриката во Штип е втор објект на „Џонсон контролс“ во Македонија. Првиот е лоциран во Технолошко-индустриската развојна зона „Скопје 1“ во Бунарџик и се занимава со производство на електроника за возила.
„Џонсон контролс“ е светски гигант за производство на опрема за автомобили. Присутна е во 150 држави и има вкупно 154.000 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.