| четврток, 6 декември 2018 |

„Љубители на беззаконието“ виновни за нападот на новинарите

Групата во интернет-декларацијата истакна дека протестира поради начинот на кој медиумите ја пренесуваат економската криза во Грција

greek-flagАнархистичка група, која се нарекува „Љубители на беззаконието“ и е добро позната на полицијата, ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз домовите на петмината грчки новинари. Групата во интернет-декларацијата истакна дека протестира поради начинот на кој медиумите ја пренесуваат економската криза во Грција.

Во својата изјава „Љубителите на беззаконието“ ги обвинуваат новинарите дека „иако користат проработничка реторика, сепак ги затвораат очите пред своите политички шефови“. Рано изутрината вчера рачно изработени експлозивни направи беа активирани пред куќите на петмина новинари во Грција. Во инцидентот немаше жртви, туку само е причинета материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top