Анархистичка група, која се нарекува „Љубители на беззаконието“ и е добро позната на полицијата, ја презеде одговорноста за вчерашниот напад врз домовите на петмината грчки новинари. Групата во интернет-декларацијата истакна дека протестира поради начинот на кој медиумите ја пренесуваат економската криза во Грција.
Во својата изјава „Љубителите на беззаконието“ ги обвинуваат новинарите дека „иако користат проработничка реторика, сепак ги затвораат очите пред своите политички шефови“. Рано изутрината вчера рачно изработени експлозивни направи беа активирани пред куќите на петмина новинари во Грција. Во инцидентот немаше жртви, туку само е причинета материјална штета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


