| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар против Металург за сигурен учесник на фајналфор, или атак на две места во Келн

Македонија се радува на неверојатниот ракометен успех на Металург и на Вардар, а клучното прашање што го поставува секој искрен симпатизер на спортот е дилемата што е подобро, дали дуел на двата наши преставници во четвтфиналето за да имаме сигурен учесник на фајналфорот во Келн, или да се избегне македонско дерби во четвтфиналето, во обид да се направи единствен подвиг и евентуално Македонија да има два тима во битката за титулата.

Вардар ќе биде носител бидејќи го превзема местот на веќе поранешниот европски првак Хамбург, а Металург ќе биде во групата на неносители, па можен е двомеч на македонските претставници. Како играат и Металург и Вардар, не е нереално македонската бајка да продолжи со ново чудо и пласман на двата тима на завршниот турнир во Келн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top