| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го турна кралот, ничкум ги урива и порталите

Со феноменална игра во Хамбург, Вардар го урна кралот, односно европскиот првак во ракомет, а ничкум паѓаат и рекорди во читаност на порталите кои известуваат за сензационалниот успех на „црвено-црните“ и пласманот во четвртфиналето од ЛШ.

На специјализираниот портал за ракомет „Балкан хендбол“, веста за успехот на Вардар со наслов „Кралот е мртов, Вардар распиша конкурс за нов владар на Европа“, не можеше долго време да се отвори поради премногу посети.

Слична е и приказната и кај македонскиот медиуми, кои известуваат за фантастичниот успех на Вардар, но и претходно на Металург, кој со уверлива игра по вторпат го победи Колдинг и си обезбеди ново четвртфинале, повторувајќи го ланскиот успех. Македонија ќе го памети 30 март, како ден во кој е испишан еден од највредните успеси во историјата, со пласман на две машки екипи во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Ако се додаде и успехот на женскиот тим на Вардар, кој веќе обебзеди настап на завршниот турнир за титулата во ЛШ, што ќе се игра во Будимпешта, само потврдува дека годинава Македонија, заслужено е на мапата на спортски чуда во Европа, со три тима од ист град и земја, во самата завршница во елитното клупско натпреварување, Лигата на шампионите во ракомет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top