Припадници на индијанското племе од басенот на Амазонија во Бразил извадија копја кога на небото првпат здогледаа авион. Имено, племето е снимено изминатава недела од авион на границата со Перу и, најверојатно, никогаш претходно не виделo авион и немалo воопшто или многу малку контакти со надворешниот свет. Племето има 200 членa и живеe далеку од цивилизацијата. На сликата се гледа дека се опкружени со дрвjа од банана, а нивните колиби се прекриени со слама.

Владата на Бразил се држи до политиката да не контактира со нив, но ја заштитува нивната земја која ја загрoзуваат дрвосечачи, сточари и риболовци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


