| четврток, 6 декември 2018 |

Колдинг – Металург на видеобим на скопскиот плоштад

metalurg-barcelona-20

Ракометарите на Металург денеска го играат вториот осминафинален дуел од Лигата на шампиони. Момците од клубот од Автокоманда заминаа во Данска со шест гола предност во однос на Колдинг, кој се загуби во одличната атнмосфера во салата „Борис Трајковски“ за време на минатонеделниот прв осминафинален дуел.

Денеска сите што сакаат групно да го следат натпреварот Колдинг – Металург тоа можат да го направат на плоштадот „Македонија“, каде што натпреварот ќе се пренесува на големиот видеобим поставен на трговскиот центар „Сити галери“ на плоштадот „Македонија“, јавуваат од РК Металург.

Според информациите, натпреварот ќе оди во живо и тоа е навистина убава можност љубителите на ракометот и фановите на Металург во голем број да го проследат натпреварот, кој може да му донесе на Металург четврт-финале во Лигата на шампионите.

Натпреварот почнува во 16.45 часот.

За екипата на Металург ќе настапат:  Станиќ, Мијатовиќ, Ојлески, Димовски, Мандиќ, Вугринец, Георгиевски, Манасков, Миркуловски, В.Маркоски, Мојсоски, Н.Маркоски, Атман, Циндриќ, Кеџо и Јоновски.

Противниците од Колдинг во составот ќе ги имаат: Хвидт, Карлсон, Лаен, Јоргенсен, Л.Андерсон, Спелерберг, Шнухел, Хундструп, Вестпхал, Тхелгард, Боесен, Ларсен, Вјудс, Јенсен, Болдсен и Рокас.

Судии: Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни од Чешка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top