| четврток, 6 декември 2018 |

Поповски: Македонија што поскоро да ја внесеме во НАТО

grom stevce zoran pretsedatel (4) (Custom)
– Доста е со минатото. Тоа е за историјата. Сакаме да гледаме во иднината. Многу е важно да воспоставиме меѓуетничка толеранција, различноста да биде наше богатство, да се почитуваме сите. Многу е важно да воспоставиме меѓуетничка толеранција и еднаквост – истакна кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) Зоран Поповски вечерва на митингот во Прилеп.

Според него мора да се зајакнат државата, јавната дебата, правниот систем, да има национално помирување и отвореност кон соседите.

– Да воспоставиме политички дијалог. Во кабинетот на претседателот да има од сите политички претставници, заедно да креираме решенија за државата – рече Поповски, за кого е битно Македонија да ја вратиме во меѓународната заедница и да воспоставиме еквисоработка со соседите.
– Нема нерешливи проблеми на Балканот, може да се соработува. Македонија што поскоро да ја внесеме во НАТО, рече Поповски.
Претседателот на ГРОМ Стевче Јакимовски рече дека оваа граѓанска опција сака да сплотува, да создава единство зашто сите граѓани на Македонија и Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми ги мачат исти проблеми кои треба да се решаваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top