Американската тенисерка Серена Вилијамс во финалето на Мастерс турнирот во Мајами ја победи втората носителка кинеската тенисерка На Ли со 2-0 (7-5, 6-1) во сетови.
Натпреварот започна со фуризона игра на На Ли и веднаш направи брејк. Вилијамс не можеше да пронајде против игра на директни поени на противничката се до деветиот гем кога направи брејк на сервис на Ли и со целосен пресврт успеа да дојде до првиот сет.
Во вториот американката докажа зошто е најдобра тенисерка во светот и со преркасна игра во сите седум гемови успеа да и го нанесе 11 меѓусебен пораз на кинескињата od 12 мечеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.