Во првата изборна единица која важи за место каде што вообичаено копјата ги вкрстуваат лидерите на партиите и кандидатите за премиер , честа на владеачката партија ќе ја брани премиерот Никола Груевски.
Откако лидерот на опозицијата избега од директно соочување со Груевски според анкетите на гласачките места се очекува победа со три пати повеќе гласови на Премиерот против носителот на СДСМ Рената Десковска и Радмила Шекеринска.
Во „двојката“ министерката за внатешни работи е сигурен фаворит против портпаролот на СДСМ Петре Шилегов и Оливер Спасовски. Во својот трет настап на парламентарни избори Јанкуловска ќе влезе со зголемен рејтинг велат анкетите.
По победата против СДСМ во 2011 во сооднос 3:1 министерот за здравство Никола Тооров сега оди на рекордна победа како носител во изборната единица број 3.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по победата пред две години против Зоран Заев е повторно ноител во 4.
Анкетите покажуваат огромна предност на Ставрески особено поради силната поддршка од земјоделците, тутунарите, бизнис заедницата и други категории граѓани.
На нова сигурна убедлива победа оди и Антонио Милошоски во петтата иборна единица каде по победите во 2006 и во 2011 како носител на листа Милошоски очекува огромна поддршка во родното Кичево но и во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Струга и другите населени места.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски е носител на листа во „шестката“ каде се очекува тројна предност пред ривалот Стојко Пауновски од СДСМ кој бараше укинување на зголемените пензии и социјалната помош за загрозените категории граѓани.
Според анкетите спроведени од 4 специјализирани агенции за истражување од кои две се странски ВМРО – ДПМНЕ може да очекува победа 3:1 а во некои населени места и победа од четири спрема еден пред СДСМ.
Истиот сооднос важи и за соодносот меѓу раководствата на двете партии споредени по рејтинзи во градовите.
Главната причина за ваквиот сооднос се над 3000 проекти кои што се предложени и спроведени во координција со граѓаните. На листите покрај проверените партиски претставници на овие избори повторно ќе се појават нови свежи лица чии што имиња ќе бидат објавени официјално вечерва по извршниот комитет на ВМРО – ДМПНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)