| четврток, 6 декември 2018 |

Нано Ружин: Се откажав од листата на СДСМ, не ми е таму местото

nano ruzin

Дека нешто чкрипи во опозициските редови говори и оставката на Нано Ружин, кој за „Канал 5“ потврдува дека се повлекува од кандидатската листа за пратеници.

– Се повлекувам бидејќи не го знаев составот на целата листа и кога видов дека никој од потпретседателите на партијата не е на неа јас се откажав. Мислам дека тоа се млади луѓе, неафирмирани – изјавил Ружин за „Канал 5“, додавајќи дека почувствувал дека не му е местото на таа листа.
Кандидатските листи на СДСМ во меѓувреме се симнати и од веб-страницата на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top