| четврток, 6 декември 2018 |

Традиционално, шесто по ред „Мартовско женско авторели“

– Колку што релито го манифестира спортскиот дух и познавањето на сообраќајните вештини кај понежниот пол, во иста мера оваа манифестација има благородна и значајна цел, а тоа е подигање на свеста за безбедност во сообраќајот, подобрување на собраќајната култура, почитување на правилата и прописите во сообраќајот – истакна, меѓу другото, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска пред стартот на традиционалното „Мартовско женско авторели“ што денес се одржа во скопска Автокоманда.

Како што нагласи министерката Јанкуловска, оваа веќе традиционална манифестација во организација на Општина Гази Баба и „Кастрол рејсинг тим“, а поддржана од Град Скопје и Здружението на граѓани „Сообраќајна безбедносна зона“, прераснува не само во еден препознатлив спортски хепенинг, туку и во настан преку кој неговите учесници, претставничките од понежниот пол, силно ја афирмираат пораката за зголемена безбедноста во сообраќајот.

Инаку во рамки на релито се одржаа две такмичарски дисциплини: вешто и брзо возење со совладување на препреки на паркингот до плоштадот на Општина Гази Баба и втората, возење по градската сообраќајна мрежа со почитување на сообраќајните безбедносни правила и прописи, притоа застанувајќи на контролни места.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top