| четврток, 6 декември 2018 |

Димитриев: На Македонија ѝ треба претседател, кој во овие тешки моменти е координиран со владата

emil

– Лично сум сведок со каква енергија и со каква пожртвуваност врховниот командант Иванов, заедно со нас од Министерството и од Генералштабот, ги решаваше горливите проблеми со цел да ја подигнеме армијата на едно повисоко ниво, а со тоа да помогнеме во зголемувањето на сигурноста и на безбедноста на Република Македонија, односно на граѓаните на Македонија – изјави денеска од Кратово генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, кој воедно порача уште во првиот круг масовно да се излезе и да се поддржи претседателот Иванов.

Димитриев изјави дека гледано ресорно, често имал можност да соработува со него и истакна дека, на дневна основа се гледале со Иванов, како врховен командант на македонската армија, во насока да ја унапреди армијата на Република Македонија.

Димитриев истакна дека секој лидер мора да има цел и да знае како да дојде до таа цел, a Иванов има многу јасна визија за Република Mакедонија. Тој посочи дека во целиот негов мандат биле подржани сите ресорни министерства со цел на домашен план да се направи економски стабилна Македонија со извесна перспектива.

Димитриев, исто така, потести дека во делот на реформите Македонија е најголем реформатор, а реформите ќе ја направат Македонија економски просперитена и меѓународно етаблирана.

– Иванов добро ги препознаваше, особено во делот на решавањето на спорот со името и за разлика од останатите кандидати за претседател, уште на самиот почеток на кампањата, тој својот став јасно со отворен гард го кажа и стои зад тоа – посочи тој.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Иванов секогаш нè претставувал достоинствено, посветено како што му прилега на еден  државник.

– Многубројни инвестиции што дојдоа во Mакедoнија се потпомогнати од контактите што ги имаше претседателот Иванов.  Лично сум бил сведок како дома така и надвор, како и на кој начин тој  ја претставува Македонија и најискрено од срце ви кажувам дека сум бил горд во тие моменти што имаме ваков претседател – нагласи Димитриев.

Република Македонија има потреба од претседател, кој во овие тешки моменти  е силно координиран со Владата, со утврдени цели и насоки, рече Димитриев.

– Ниту македонскиот народ тоа го оправдува, а уште повеќе меѓународната заедница, бидејќи и за нив не е разбирливо две клучни позиции во државата за одредени позиции да имаат дијаметерално спротивни гледишта. Затоа, многу е важно да продолжи оваа стабилност во Република Македонија, меѓу двете клучни институции, посочи Димитриев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top