| четврток, 6 декември 2018 |

Балетот Есмералда со Александра Мијалкова вечерва во МОБ

На сцената на Македонската опера и балет денес во 20 часот ќе се одигра балетската претстава Есмералда

мијалкова вест

На сцената како солисти ќе настапат Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Ивана Коцевска, Киро Павлов и Драган Кочовски, а со оркестарот ќе раководи диригент Бисера Чадловска.
Кореографијата е на Михаил Крапивин од Русија, сценографијата на Живоин Трајановиќ, а за костимите е задолжена Љупка Ристовска.
Делото се базира на романот Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз од Виктор Иго.
Автор на делото е познатиот италјански композитор Цезар Пуњи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top