| четврток, 6 декември 2018 |

Преживеал во дивина пиејќи си ја урината и течноста за леќи

Осумнаесетгодишник преживеал три дена во австралиската дивина пиејќи течност за контактни леќи и својата урина. Тој ослабнал дури 15 килограми.
Момчето Сем Дери-Вудхед се наоѓа во болница во Лонгрич, во североисточниот дел на Австралија, каде заздравува од дехидрација. Неговата мајка ги потврдила информациите дека нејзиниот син преживеал пиејќи течност за контактни леќи и својата сопствена урина.

Дери Вудхед се изгубил во вторникот додека бил на трчање. Тој работел во една сточарска фарма помалку од две недели. Фармата се наоѓа на 90 километри од Лонгрич.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top