Восхитувачката авантура „Дивина“ со оскаровката Рис Витерспун во главната улога ќе почне да се прикажува во кината во Македонија од 12 март.
Филмот е снимен според истоимениот роман на Шерил Стрејд. Филмот е вистинска приказна за жената која препешачила речиси две илјади километри за да заздрави од катастрофалните случувања – загубата на саканата мајка, распадот на бракот и самодеструктивното однесување кое следувало потоа.
Канадскиот режисер Жан-Марк Вале ја пренесува на големото платно биографската драма на Шерил Стрејд „Дивина“ која пред три години ја воодушеви Америка, за набрзо потоа да стане светски бестселер. Сценариото за филмот го напишаа Ник Хорнби и самата авторка Шерил Стрејд, која во филмот ја игра Рис Витерспун, а нејзината мајка Лора Дерн.
Главната хероина Шерил Стрејд (Рис Витерспун) изгубена и деструктивна, од ден на ден се’ повеќе тоне во мрачниот свет на опијатите, бидејќи не успева да се справи со смртта на мајка и’ и разводот. Кога не и’ преостанува ништо повеќе да изгуби – освен сопствениот живот – Шерил сфаќа дека пред неа се наоѓа моментот на одлука и последната шанса за избор. Во нејзините раце доаѓа интересна книга која ја поттикнува да тргне во незаборавна авантура по еден од најтешко проодните патишта во земјата. Без големо искуство, Шерил си зацртува да препешачи една од најдолгите и најтешки планински патеки во Америка.
Канадскиот режисер Жан Марк Вале е познат по филмот „Работниот клуб Далас“, а Рис Витерспун и Лора Дерн беа номинирани за Оскар за улогите во „Дивина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура