| четврток, 6 декември 2018 |

Кога родителите ќе ти кажат дека ќе добиеш сестра, а ти сакаш брат (видео)

dete.jpg500

Родителите им подготвија торта на трите деца која требаше да им открие дали ќе добијат сестра или брат. Момчето сакаше брат, едната сестричка сакаше девојче, а третата бебе. Внатрешноста на тортата беше розова, што значеше дека е женско. вест.

„Не девојче. Не, уште едно девојче!“, гласно плачеше малиот Генер кога дозна дека ќе добие и трета сестра. Момчето беше неутешно бидејќи многу сакаше да има брат.

– Секој пат девојче. Секогаш ќе биде девојче. Не сакам девојче, премногу девојчиња… – повторуваше Генер.

Таткото се обиде да го смири убедувајќи го дека ќе ја засака новата сестра, но тој упорно ја одбиваше таквата можност, а на прашањето дали ги сака своите сестри, тој категорички одговори. „Не!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top