Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина нема намера да ја зазема страната на Западот или на Русија во врска со Украина, со што ги урна надежите на западните земји дека би можел да изврши притисок врз Москва во врска со присоединувањето на црноморски полуостров Крим кон Руската Федерација излегувајќи од составот на Украина.
-Кина нема никаков личен интерес по украинското прашање. Сите вклучени страни треба да работат на политичкото и дипломатско решение на конфронтацијата, изјави кинескиот претседател Си Џинпигн во петокот на заедничката прес-конференција во Берлин со неговата домаќинка германската канцеларка Ангела Меркел, пренесе Reuters.
Како што и досега се однесуваше, Пекинг се реши за претпазливост која станува збор за украинската криза, најголемата по Студената војна меѓу Западот и Русија, несакајќи да се оддалечува од својот сојузник Русија, ниту директно да го коментира исходот од референдумот по кој Крим се присоедини кон Русија, за да не дојде до преседан за регионите како што е на пример Тибет, како што се надеваа западните сили. Така, претходно месецов, при гласањето за американската нацрт резолуција во Советот за безбедност при ОН со која требаше да биде осуден референдумот на Крим, Кина беше воздржана што на Западот се толкуваше како изолација на Москва од страна на Пекинг.
-Дa сум јас на местото на Русите не би била задоволна со бројот на гласовите што ги доби Русија, изјави Меркел којашто и покрај многу блиските трговски врски меѓу Германија и Русија и големата зависност од земјата од рускиот извоз на природен гас ги поддржа американските и европските санкции.
Меркел се обиде да го употреби своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин за да ја смири кризата, но гласањето во Генералното собрание на ОН кое донесе необврзувачка резолуција со која кримскиот референдум го прогласи за неважечки, го нарече јасен знак „дека меѓународната заедница и не е најзадоволна со она што Русија го презема”.
Кина, пак, изрази разбирање за руските ставови, со објаснување дека она што се случува во врска со Крим и воопшто со Украина има свои историски причини, имајќи предвид дека до 1954 година Автономната Република Крим беше во составот на советската руска република, кога со указ на тогашниот комунистички челник Никита Хрушчов, етнички Украинец инаку, е внесена во составот на украинската советска република во тогашниот Советски сојуз. И кинеската јавност, исто така, покажа наклонетост кон руското држење во врска со украинската криза започната уште во ноември минатата година со протестите против откажувањето на потпишувањето на договорот за асоцијација со ЕУ кои резултираа со безредија и пад на украинскиот претседател Виктор Јанукович.
Истовремено Пекинг истакна дека сака да ја продолжи пријателската соработка со Украина започната во периодот на претседателот Јанукович. Кинеското министерство за надворешни работи претходно седмицава соопшти дека Кина сака да одигра конструктивна улога кога станува збор за финансиската поддршка на Украина, непојаснувајќи дали Пекинг директно ќе учествува во тоа. Претходно беа познати кинеските аспирации за инвестирање во украинската сообраќајна инфраструктура, во земјоделството и бродоградежништвото.
-Ги поддржуваме конструктивните напори на меѓународната заедница којашто работи на смирување на ситуацијата и отворени сме за сите опции кои одат во таа насока и да придонесеме кон политичкото решение на проблемот. Кинеската страна отсекогаш ги почитувала принципите на меѓународните односи и немешањето во внатрешните работи на другите држави, изјави претседателот Си во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.