| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбаш самоубиец уби функционер во Ирак

Бомбаш самоубиец убил висок претставник на ирачкото воено разузнавање и тројца негови телохранители во северниот ирачки град Мосул, јави агенцијата БТА.

Напаѓачот го активирал експлозивот пред домот на офицерот. Идентитетот на убиениот функционер се уште не е објавен.

Ирак од почетокот на годината се соочува со зголемен број на самоубиствени напади, кои имаат за цел да ја турнат земјата во меѓурелигиски конфликт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top