| четврток, 6 декември 2018 |

Нишикори се повреди, Ѓоковиќ без игра во финалето во Мајами

Кеи Нишикори се повреди и го предаде полуфиналниот меч против Новак Ѓоковиќ на турнирот од мастерс серијата 1000 што се игра во Мајами.

Јапонецот беше најголемо изненадување на турнирот, откако го елиминира Роџер Федерер, но поради повреда се откажа на чекор до големото финале.

Ѓоковиќ има шанса да ги спои титулите на двата престижни американски турнири од мастерс серијата 1000, во Индијан Велс и во Мајами. Противник во финалето ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Томаш Бердих.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top