| четврток, 6 декември 2018 |

Прво место за македонски наставници на натпреварот на „Мајкрософт“ во Барселона

nagrada-500

Двајца македонски наставници го освоија првото место на глобалниот едукативен натпревар на „Мајкрософт“ во Барселона.

Во конкуренција од над 1100 учесници од 97 земји на натпреварот што се одржа од 11 до 14 март годинава македонските наставници Дарко Талески и Софија Грабулоска беа прогласени за победници.

Тие ги споделиле своите иновативни идеи за тоа како технологијата да помогне во образовниот процес и биле прогласени за најуспешни во категоријата колаборејшн (Collaboration).

Покрај нив, на годинашниот 9. Глобален едукативен натпревар во организација на „Мајкрософт“, учествувала и Весела Богдановиќ – годинашен победник на македонскиот државен натпревар од вкупно 186 проекти, кои конкурираа на програмата „Мајкрософт едјукејтер експерт“.

Генералниот директор на „Мајкрософт“ во Македонија, Стефан Плавјански нагласи дека креативноста и упорноста на наставниците ги охрабрува и понатаму да ги поддржуваат сите идеи со помош на кои технологијата ќе го помогне и подобри процесот на едукација.

– Победата што ја постигнавме на глобалниот форум, кој на едно место ги собра глобалните лидери во оваа област, ја покажа агилноста и посветеноста на нашите наставници, кои направија многу во процестот на внесување иновации во предавањата, како и ефективна примена на технологијата во проецесот на учењето. Нашите најдобри наставни техники и практика на глобално ниво – истакна Влора Адеми, менаџер на академските програми на „Мајкрософт“ во Македонија.

Таа посочи дека сега е од исклучителна важност ова знаење и искуство да го примениме на национално ниво, да го подигнеме нивото на работа на наставниците и целата образовна заедница и со помош на владините институции да ја започнеме оваа промена со која ќе бидеме препознаени како земја лидер во пошироки рамки.

Дарко Талевски еден од македонските наставници кој се здоби со оваа престижна награда е наставник во училишта во две села во прилепско.

Тој заедно со своите ученици работеле на 3 теми: проблеми со предвремено стапување во брак, стоп на насилствата во училиштата и културното наследсвто.

Тие со технологијата што ја поседувале изработиле картки филмови и постери на трите теми при што децата на возраст од 13 до 14 години го изнеле својот став во врска со овие проблеми и нивни идеи за нивно решавање.

– Овој светски настан беше исклучителна можност за споделување на мноштво иновации и знаења од областа на образованието, а беа презентирани 260 проекти од 90 земји ширум светот. Проектот со кој што ние ја претставивме нашата земја  носи наслов „ Ова е мојот глас“ и беше причина името на нашата држава да биде испишано на гала вечерта на доделувањето на престижните награди, во конкуренција на на најголем број проекти досега презентирни на овој форум – истакна Дарко Талески еден од двајцата наградени наставници.

Долготрајната работа, љубовта и посветеноста кон професијата, слободата и мотивираноста, додаде тој, за сопствено креативно изразувањена нашите ученици беа главниот носител на оваа заедничка победа за сите нас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top