| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата заштитуваше судија во Копа Либертадорес

kopa libertadores

Немили сцени по завршувањето на мечот меѓу Индепендиенте од Еквадор и аргентискиот клуб Сан Лоренцо во рамките од Копа Либертадорес. Судијата Карлос Амарила мораше да го напушти теренот со придружба на полицијата.
На инцидентот му претходеше досудениот пенал за домаќините во судиското продолжение, односно во 95. минута. До тогаш Сан Лоренцо водеше со 1-0. Веднаш по успешно реализираниот удар од белата точка Амарила отсуди крај на натпреварот по што следуваше инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top