| четврток, 6 декември 2018 |

На Ли закажа финале со Серена Вилијамс

Двете најдобри тенисерки во светот, првиот и вториот светски рекет, Серена Вилијамс и На Ли ќе играат во финалето на мастерс турнирот во Мајами.
Во второто полуфинале кинеската тенисерка по тешка борба, која траеше повеќе од два часа, ја победи Доминика Цибулкова од Словачка со 2-1 (7-5, 2-6, 6-3) во сетови. Цибулкова и по седмиот меч против На Ли не успеа да се израдува на победата.
Серена Вилијамс во полуфиналето убедливо славеше против Марија Шарапова со 2-0 (6-4, 6-3) во сетови.

Финалето меѓу двете најдобри се игра утре. Ова ќе биде 12 меѓусебен дуел, а На Ли успеала да слави само еднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top