Фудбалерите на Интер и на Удинезе одиграа без голови во последниот натпревар од 30. коло од италијанската Серија А.
По шокантниот пораз од Аталанта на домашен терен, Интер и на овој натпревар остана без триумф.
Најдобрата шанса на мечот ја пропуштија гостите на крајот од првиот дел кога Бруно Фернандес не успеа да ја затресе мрежата на Самир Хандановиќ.
Интер остана на петтата позиција со 48 бода, додека Удинезе е 14. со 35 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.